Баркли: Навивам за Евертон, секогаш ми било сон да му дадам гол на Ливерпул

Најсреќен поединец во редовите на Челзи по триумфот во ФА купот над Ливерпул беше стрелецот на вториот гол, Рос Баркли. Иако игра за лондонските Сини, тој јавно си признава дека е фан на ливерпулските Сини, на Евертон, и затоа мило му е што даде гол против градскиот ривал на Евертон.

„Беше брилијантно, фантастичен резултат направија овие момци. Ни требаше една ваква победа дома по двата разочарувачки резултати. Постигнување гол против Ливерпул ме прави пресреќен. Како навивач на Евертон, секогаш сонував да му дадам гол на Ливерпул“, изјави Баркли.

Традицијата најавува дека Челзи е на добар пат да го освои ФА купот. Во 1997 и 2012 година, кога последен пат беше подобар од Ливерпул во ова натпреварување, на крајот успеа да го освои и трофејот.

Ливерпул има три порази по ред на гостински терен во сите натпреварувања, нешто што првпат им се случува со Јирген Клоп на клупата, а имаат и три порази на последните четири меча откако претходно трипати загубија на дури 66 средби во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести