Барнли го врати духот на Премиер лигата – Барнс и Вуд со типични англиски голови ги скротија Волците (Видео)

Ешли Барнс постигна гол по цели 13 месеци, типичен за него со моќен скок и удар со глава, а му се приклучи и вториот дел од највпечатливиот тандем напаѓачи во историјата на клубот, па и Крис Вуд постигна гол за победа од 2:1 против Вулверхемптон.

И двајцата долго време се мачеа со повреди, но и повторно покажаа дека се еден од најдобрите напаѓачки тандеми во англиското првенство.

Барнс му донесе предност на Барнли во 35-тата минута, по асистенцијата на Тејлор, а интересно ова му е прв гол за сениорскиот тим по повеќе од една година. Последните погодоци ги постигна за тимот до 23 години во Развојната лига на Англија за млади тимови.

По него и Вуд постигна класичен англиски гол во 51-вата минута, па предноста од 2:0 на Барнли беше недостижна за Волците.

Тие успеаја да постигнат само почесен погодок во финишот од мечот, а стрелец од пенал беше Силва.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести