6710 Португалија – Чиле (19:45 ч.)
Дуел во Лисабон на кој Роналдо и дружината треба да бидат поздравени пред патот на Светско првенство. Чиле беше најслаба селекција во квалификациите во Јужна Америка и останаа без место на Мундијалот, а и вечерва ќе биде чудо ако успеат да парираат на домаќините.
Португалија игра офанзивно и сигурно ќе сака со сигурна победа и добра атмосфера да патува кон мундијалските предизвици.
Предлог тип: 1-1&3+ (1.98)
6711 САД – Германија (20:30 ч.)
Дуел на две селекции кои сакаат да играат отворено без калкулации. Во последните 15 меча што ги одигра САД во просек се постигнуваат преку три погодоци, а Американците во овој период загубиле само четири пати.
Германија нареди осум победи по ред, а на пет средби имало четири или повеќе погодоци. Дури и традицијата на меѓусебни средби на овие две селекции вели дека на четири од последните пет меча имало ГГ3+.
Предлог тип: ГГ4+ (2.40)
6719 Англија – Нов Зеланд (22 ч.)
Англија ќе биде еден од главните фаворити за титулата на СП 2026. Сепак, разочарувачки беше фактот дека Гордиот Албион во последните два меча што ги одигра во Лондон има реми со Уругвај (1:1) и пораз од Јапонија (0:1).
Тоа треба да е знак дека мора да има промена во пристапот на големите ѕвезди, а дали нешто е сменето може да се види вечерва во контролниот меч кој ќе се игра во Мајами.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.74)
6762 Романија – Велс (19:45 ч.)
Две селекции кои во плејофот ги загубија шансите за пласман на СП 2026 и сега едноставно ќе одиграат еден контролен дуел без некоја поголема цел. Велс има низа од три меча по ред на кои одигра 1:1, а Романија има само една победа во последните пет меча.
Фактот дека се игра во Букурешт треба да биде мотив повеќе за Романија повторно да не ги разочара своите фанови.
Предлог тип: 1Х&2-4 (2.25)
6720 Австралија – Швајцарија (21 ч.)
Двете селекции се во САД, а ова ќе биде последна подготовка пред нивниот настап на СП 2026. Швајцарија има само еден пораз во последните 13 средби кои ги играше и тоа со 3:4 од Германија. Австралија нема нерешено на последните 13 дуели што ги одигра (девет победи и четири реми), но против Швајцарија ќе биде во улога на аутсајдер.
Ако се знае дека ова е последна средба пред настапот на СП, може да се очекува и да има калкулации и да се чуваат силите.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.06)

