Барса броеше до пет, Меси до четири против Ејбар (видео)

Барселона се потрпе на капитенот Меси, а мега-ѕвездата ја донесе победата од 5-0 против Ејбар постигнувајќи ги сите четири гола. За Меси ова е втор најбрз хет-трик во кариерата, го постигна за 26 минути, поточно до 40-тата минута од дуелот. Само против Мајорка успеал да реализира три гола во првите половина час игра.

Погодокот за 1-0 е вистинка магија на Аргентинецот, успеа да се протне низ двајца дефанзивци и да го лобува голманот во 14-тата минута. Меси зголеми на 2-0 во 37-та минута, а веќе во следниот напад го комплетираше хет-трикот. Во меѓувреме Барса постигна уште два гола кои не се признаа поради офсајд позиција, но имаше време за уште еден гол во низата на Меси, зголеми на 4-0 на истекот од регуларните 90 минути, за веќе во следниот напад конечните 5-0 ги постави Артур.

https://twitter.com/allgoalline/status/1231244187879772162

https://twitter.com/allgoalline/status/1231244726231277568

- Оглас -

Најнови вести