ФФМ со благодарност: Се чувствувавме како дома, ќе навиваме за вас!

Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Масар Омерагиќ преку социјалните мрежи упатија благодарност до Босанците за топлиот прием во Сараево, за чувството како да се дома, и им порачаа дека ќе навиваат за БиХ на претстојното Светско првенство.

„Сараево, ви благодариме! Не беше само гостопримство, беше чувство како да сме дома. Голема благодарност до претседателот Вицо Зељковиќ, спортскиот директор Емир Спахиќ и целата Фудбалска федерација на БиХ. Во овие два дена направивте сѐ за да се чувствуваме како свои, а тоа не се заборава. Пријателски народ, искрени луѓе и град кој секогаш има посебна енергија. Во прва прилика ќе се потрудиме да ви возвратиме во Македонија на ист начин. До тогаш, ви посакуваме многу среќа и успех на Светското првенство. Ќе навиваме за вас“, објавија од ФФМ.

Малубројните македонски фанови кои беа во Сараево, со насмевки и задоволство се фотографираа со босанските навивачи и седеа заедно на трибините, како доказ за блискост и пријатна атмосфера.

 

- Оглас -

Најнови вести