Комо домашните натпревари од ЛШ дефинитивно нема да ги игра на својот стадион

УЕФА потврди дека Комо нема да ги игра своите домашни натпревари од Лигата на шампионите во сезоната 2026/27 на својот стадион „Џузепе Синигаљи“. Причината за оваа одлука беше неподготвеноста на арената да биде домаќин на натпревари од елитното натпреварување.

Наместо тоа, тимот на Сеск Фабрегас ќе биде домаќин во „Чита дел Триколори“ во Сасуоло.

Комо ја заврши сезоната во италијанското првенство на четвртото место на табелата со 71 бод, што му овозможи на клубот да се квалификува за Лигата на шампионите за прв пат во својата историја.

- Оглас -

Најнови вести