Барса чести терен со природна трева за РКЦ Валвијк (Видео)

Френки де Јонг се пресели од Ајакс во Барселона за 75 милиони евра, а од целата сума, малку повеќе од пет проценти ќе легнат на сметката на РКЦ Валвијк, клуб за којшто има играно на почетокот од кариерата.

Одличниот играч од средниот ред потпиша петгодишен договор со Барса уште во јануари годинава, а стана член на Каталонците од почетокот на месецов и донесе многу радост кај помалите холандски клубови Вилем Втори и РКЦ Валвијк.

Вилем Втори заработи малку повеќе од 7 милиони евра од целиот трансфер, а РКЦ над 4,5 милиони евра и веднаш во Валвијк почнаа со реконструкција на тревникот на стадионот „Мандемејкерс“.

Раководството на РКЦ одлучи со дел од парите да ја врати природната трева на теренот наместо досегашниот тревник со вештачка трева.

Работите се во тек, па новото првенство и камбекот во холандската Прва лига, РКЦ Валвијк ќе го прослави на терен со природна трева.

- Оглас -

Најнови вести