Хвича Кварацхелија од Пари Сен Жермен е прогласен за најдобар фудбалер во Лигата на шампионите во сезоната 2025/2026. Грузискиот ас сезонава имаше 10 голови и 6 асистенции, четири пати беше прогласуван за играч на натпреварот, даде огромен придонес во титулата на ПСЖ, имаше и најмногу дриблинзи.
Ова признание го става Квара во најтесниот круг на кандидати за „Златната топка“ и најдобар на светот годинава. Но, проблемот е што годинава има и Светско првенство, а Грузија нема да учествува и тоа е хендикепот на Квадацхелија. Оправдано или не, но традиционално Мундијалите се главното мерило околу тоа кој ќе ја освои наградата и затоа проценките се дека мали се шансите Хвича да биде играч на годината.

