Барса е зицер на денот, за Манчестер ќе сопре рекордната низа, а Спортинг бара одмазда

1004 Вест хем – Манчестер јунајтед (18:30 ч.)

Лондончани се вториот најдобар тим на домашен терен сезонава со три победи и по едно реми и пораз, но денеска го имаат најголемиот предизвик затоа што на гости им доаѓа Манчестер јунајтед. Црвените ѓаволи се перфектни со четири победи на гости, но сепак кога играат кај Чеканите, во последните три средби имаат два порази и едно реми.

Дополнителен проблем за Манчестер може да биде и уморот од дуелот против ПСЖ во Лигата на шампиони и затоа очекуваме домаќините да не загубат.

Предлог тип: 1Х&2+ (2.15)

 

1703 Монпелје – ПСЖ (21 ч.)

Меч кој треба да е дерби во Франција. Монпелје нареди четири победи по ред и со голема самодоверба го чека дуелот со шампионот. ПСЖ со Мбапе и Нејмар во нападот го победија Манчестер во Англија и сигурно дека ќе се обиде да стигне до три бода и кај Монпелје.

Традицијата вели дека на последните пет меѓусебни меча секогаш имало барем по четири погодоци, па очекуваме ново гол-шоу.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.75)

 

1305 Кадис – Барселона (21 ч.)

Барселона гостува кај тимот кој е најслаб домаќин во Примера. Кадис освои само два бода во пет меча на свој терен, а фактот дека ги загуби последните шест меча со каталонскиот гигант, го става домаќинот во подредена ситуација.

Тимот на Роналд Куман даде само четири гола и освои само четири бода во четирите меча на туѓ терен во Примера, но ова е добра шанса за да освои три бода и да се приклучи кон горниот дел од табелата.

Предлог тип: 2-2 (1.98)

 

1539 Фамаликао – Спортинг Лисабон (19 ч.)

Спортинг игра одлично и во осум меча има речиси перфектни 22 бода. Фамаликао е тимот кој ја има најлошата одбрана, но тоа е тим кој и често знае да погоди. Тоа што е помалку неверојатно е дека Фамаликао минатата сезона два пати го победи Спортинг со 3:1 дома и 1:2 во Лисабон.

Токму тие порази треба да се поука за Спортинг дека не смее да го потцени ривалот, но и мотив за одмазда.

Предлог тип: 2&3+ (2.25)

 

1956 Галатасарај – Хатајспор (17 ч.)

Турскиот гигант е домаќин на тимот кој сезонава се промовираше во елитната лига. Галатасарај не смее да си дозволи кикс против ваков ривал на свој терен, ако сака да брка титула во првенството. Дефанзивната и деструктивна игра е адутот на гостите, па тоа најавува дека не би требало да има многу голови.

Предлог тип: 1&0-3 (2.20)

 

- Оглас -

Најнови вести