Барса го растури Мешков и резервира билет за Ф4

Барселона го потврди пласманот на фајнлфор завршницата во Лигата на шампионите откако славеше убедливо и во реваншот против Мешков Брест со огромни 40:28.

Каталонците и во првата средба славеа на сигурен начин, но вечерва го растурија белорускиот состав и го комплетираа костурот за Ф4 турнирот.

Сосема очекувано Барса ја покажа силата уште на стартот од мечот, па веќе на паузата имаа недостижни седум гола предност, која набрзо во вторите 30 минути стана двоцифрена.

Со шест гола Гомес го предводеше фаворитот, Дика Мем даде еден гол помалку, додека на другата страна Вајлупау беше најефикасен со седум погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести