Раководството на Арсенал е подготвено да продаде дури осуммина фудбалери од актуелниот состав за да ги балансира финансиските сметки и да ги реализира своите две големи трансферни цели.
Според британските медиуми, најголема желба на тренерот Микел Артета е клубот да ги доведе ѕвездата на Астон вила, Морган Роџерс, како и напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварес.
И двата трансфера ќе бараат значителни финансиски средства, а конкуренцијата е сериозна. Интерес за англискиот репрезентативец Морган Роџерс покажува и Манчестер јунајтед, додека Хулијан Алварес е една од главните трансферни цели на Барселона.
Фудбалерите со кои Арсенал ќе се обиде да се раздели се Фабио Виеира, Рис Нелсон, Кристијан Норгард, Бен Вајт и Итан Нванери, кој минатата сезона настапуваше како позајмен играч во Олимпик Марсеј.
Во меѓувреме, договорите на Габриел Жесус, Габриел Мартинели и Леандро Тросар истекуваат за една година, па ова лето претставува последна можност за Топчиите да заработат значителна сума од нивна продажба. Поради тоа, и тие би можеле да бидат ставени на трансфер-листата.
Алтернативата за Хулијан Алварес е 19-годишниот талент на Борнмут, Ели Крупи јуниор.

