Пелистер неочекувано донесе голем шок за Битола откако на пенали го загуби баражот против Шкендија Арачиново и во следната сезона ќе се натпреварува во второлигашка конкуренција.
Навивачката група Чкембари објави соопштение преку кое побара детали од многу договори кои биле направени во клубот, посебно околу засилувањата.
„По неколку (не)преспиени ноќи, по безброј направени кавги меѓу нас навивачите а и меѓу целиот град каде е вината за овај пораз не само на Пелистерм туку и на цела Битола. И покрај јавните реакции, до последно дававме поддршка и верувавме дека ќе заврши колку толку позитивно оваа сезона. Но, на сѐ доаѓа крај! Наредниот период ЌЕ ИНСИСТИРАМЕ НА:
- Иако знаеме дека договорите ви се направени со дискреционо право, ИНСИСТИРАМЕ во јавноста да се објават со име и презиме, сумата која им била исплаќана и улогата во клубот на сите оние кои не се фудбалери, односно кои имаат било каква функција освен фудбалер. Да се тргнат прашањата и обвинувањата во јавноста, да се завршат рекла-казала муабетите, одважете се и објавете ги јавно!!!
- Да се понесе одговорност и јавно да се соопшти кој ги одобруваше оваа сезона трансферите на фудбалерите. Самата селекција е најодговорна за она што беше ,,прикажано” на терен. Кој го креираше тимот кој го играше најлошиот фудбал во цела лига? Која е улогата на гувернерот на Македонија Трајко Славевски во носењето на фудбалскиот анонимус Милан Стојановски?
Виновците за оваа катастрофа имаат име и презиме, овој пораз не е дојден сам од себе.
ОДГОВОРНОСТ ОД СИТЕ ДО ЕДЕН ШтО ГО ДОНЕСОВТЕ КЛУБОТ НА ОВА НИВО!“, се вели во соопштението на Чкембари.

