Барса и Ефес ќе играат мајсторка, ЦСКА ја „реши“ Басконија

Кошаркарите на Барселона брзо се соземаа од неверојатниот пораз од Ефес Пилсен на свој терен од пред два дена. Каталонскиот гигант беше понижен со 102:68, но вечерва славеше против турскиот ривал со 82:72. Со овој триумф, Барселона израмни на 2:2 во победи, па петиот меч ќе решава кој тим ќе продолжи во борбата за титулата во Евролига.

Барселона одигра одлична трета четвртина која ја доби со 27:12, па негативата од два поени од полувремето, ја претвори во водство од 13 разлика. Домаќините не дозволија во последните 10 минути да ја прокоцкаат предноста и стигнаа до 2:2 во триумфи.

ЦСКА Москва продолжува понатаму во трка за трофејот, откако вечерва со 92:83 победија на гости кај Басконија и го елиминираа шпанскиот тим со вкупни 3:1 во победи. Басконија имаше 1:1 и два меча на свој терен, но ЦСКА покажа дека е поквалитетен ривал и на два пати победи на гости. Вечерва московјани славеа најмногу благодарение на одличната игра во решавачката последна четвртина, која гостите ја добија со 24:12.

- Оглас -

Најнови вести