Валенсија набрзо ќе го официјализира трансферот на Јаспер Силесен од Барселона. Холандскиот голман на „Месталја“ ќе пристигне за сума од 30 милиони евра, а наскоро ќе бидат обелоденети и деталите околу договорот. На спротивниот правец, ќе замине првиот избор на голот на тренерот Марселино, Бразилецот Нето, за кого шпанскиот првак истотака ќе исплати 30 милиони евра.
Силесен изрази желба да го напушти „Камп ноу“ ова лето откако во добро светло се покажа со своите настапи во Купот на Кралот. Летово за него се интересираше и Бенфика, но португалскиот шампион немаше намера да ги исполни барањата на Барса, односно да плати 30 милиони евра.
Што се однесува за Нето, сумата која Барса ќе ја плати за бразилскиот чувар на мрежата се чини многу висока, со оглед на тоа дека треба да биде замена за Марк Андре Тер Штеген и во поголемиот дел од времето ќе ја грее клупата.
Лилјаците преку официјалниот „Твитер“ профил веќе најавија дека во нивните простории доаѓа новото засилување.
Tenemos nuevo 🦇 en Valencia…
Y se siente como en casa 🙌🏼…de pies a cabeza 😜
👣👣👣👣👣👣👣👣👣👣👣#amuntvalencia pic.twitter.com/304y2rbzXX
— Valencia CF (@valenciacf) June 25, 2019