Барса ја одби формулата 10 за 10, австрискиот талент веќе нема да игра за гигантот

Раководството на Барселона со согласност на тренерот Чави Ернандес одлучи да не ја прифати формулата 10 за 10 за Јусуф Демир и младиот играч на Рапид Виена нема веќе да игра за шпанскиот гигант како позајмен фудбалер.

При позајмицата, внесена е клаузула ако Демир одигра 10 натпревари за Барселона во сите натпреварувања, тогаш Каталонците би имале императив да го откупат договорот од Рапид за 10 милиони евра.

Демир стигна до 9 одиграни мечеви и Чави одлучи дека не му е неопходен на клубот, па за 18-годишниот австриски репрезентативец ќе нема меч број 10 во дресот на Барса.

 

 

- Оглас -

Најнови вести