12.8 C
Skopje
вторник, 9 декември 2025

Барса ќе извиси за Шлотербек, тој преферира трансфер во Реал или во Баерн

Намерите на Барселона да го ангажира дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек, се доведени под знак прашање. Германскиот репрезентативец повеќе би сакал трансфер во Реал Мадрид или во Баерн Минхен.

Сето тоа ги тера челниците на Барселона да се двоумат дали воопшто да достават официјална понуда, иако тренерот Ханси Флик има одлични односи со играчот.

Двоумењето, изгледа, е присутно и од другата страна. Дваесет и шестгодишниот стопер, кој е во подемот на својата кариера, е свесен дека и Реал и Баерн ќе бараат засилувања во одбраната во летниот период 2026 година, па затоа би сакал трансфер токму во еден од тие два европски гиганти.

- Оглас -

Најнови вести