Барса не се исплаши од баерновските дресови на Ференцварош

Кога се појави екипата на Ференцварош на „Камп ноу“, веројатно на фудбалерите на Барселона не им беше баш најпријатно бидејќи Унгарците имаат бели дресови со главен спонзор на предната страна кој го има и Баерм Минхен. Баварците со такви бели дресови од тој спонзор во август ја уништија Барса со 8-2.

Ференцварош почна добро, при 0-0, даде гол кој им беше поништен, потоа имаа и пречка, но Барселона по првото полувреме води со 2-0. Меси од пенал и Ансу Фати ја затресоа мрежата на гостите.

- Оглас -

Најнови вести