Барса потсети на старите денови со магичната акција и гол за триумф на Френки де Јонг (ВИДЕО)

Барселона минимално со 1:0 славеше на гостувањто кај Алавес во меч од 22-рото коло од Ла Лига.

Стрелец на единствениот погодок беше Френки де Јонг во 87-мата минута, откако Каталонците потсетија на едни подобри времиња кога го играа најубавиот фудбал во Европа.

Неколку магични додавања, асистенција на Феран Торес и реализација на Холанѓанецот, но за комплетната радост мораа да почекаат неколку минути по проверка на ВАР поради офсајд.

Голот беше признат и Барселона дојде до важни три бода, со што се искачи на петтото место со 35 бодови.

- Оглас -

Најнови вести