Барса сака да го земе Кимих, Баерн жестоко ќе го возвраќа ударот!

Баерн Минхен би сакал одбраната да ја засили со Уругваецот Роналд Араухо од Барселона, шпекулираат некои медиуми во Шпанија и Германија.

Познато е дека Барса му има фрлено око на Џошуа Кимих и летово ќе се обиде да го ангажира, па Баварците имаат план како да го возвратат ударот. Араухо е еден од најстабилните играчи на Барса, важи за единствен кој успева да го запре Винисиус од Реал Мадрид и за Каталонците не би било добро ако останат без него.

Договорот на Араухо е до 2026 година, тој никогаш нема кажано дека е незадоволен, па за Баерн купувањето на Уругваецот во моментов делува како невозможна мисија.

- Оглас -

Најнови вести