1303 Валенсија – Атлетико М. (16.15 часот)
Јасно е дека Атлетико со мислите е во Лондон и реваншот од ЛШ против Арсенал, па ова е шанса за Валенсија да победи и речиси сигурно да обезбеди опстанок, можеби и да проба дури и да се пробие до местата кои водат во Европа. Атлетико ги загуби последните три лигашки гостувања, а речиси имаат обезбедено место во ЛШ за следната сезона. Атлетико ги доби последните четири дуели против Лилјаците, Валенсија од септември 2023 не славела против екипата на Диего Симеоне, а нерешено не било уште од ноември 2021.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.01)
1702 ПСЖ – Лориен (17.00 часот)
Парижаните имаат шест бодови предност пред Ленс на четири кола до крај, и на прагот се на освојување нова титула во Франција. На Лориен овој меч не му значи ништо, освен за престиж. ПСЖ сигурно ќе калкулира со составот, треба да се чуваат силите за пеколот кој ги чека во Минхен против Баерн, но тие и со резервен состав се посилни од гостинот и нема да дозволат кикс. Есеноска Лориен дома освои бод против ПСЖ, сега Светците имаат прилика да се реваншираат.
Предлог тип: 1 & 2+ второ (1.88)
3003 Комо – Наполи (18.00 часот)
Комо само со победа останува во трка за место во Лигата на шампионите, но Наполи сака да остане втор и да го одложи шампионското славје на Интер, а притоа да осигура место во топ 4 кое води во ЛШ. Интересно е дека Комо има повеќе дадени и помалку примени голови од Наполи, но наполитанците имаат осум бодови повеќе. Комо дома во просек дава по два гола на меч. Наполи немаше среќа против Комо сезонава, играа нерешено во лигата, а и во Купот, кога Комо на пенали го елиминираше Наполи. Последната лигашка победа на Наполи во Комо беше во 2002 година, кога двата тима беа второлигаши.
Предлог тип: 12 & 2+ (1.90)
1005 Арсенал – Фулам (18.30 часот)
Арсенал е во полуфиналето на ЛШ и има реална шанса за финале, но многу важна им е титулата и во Премиер лигата и против Фулам нема да истрчаат на терен со втор состав. Со триумф, Топчиите би побегнале на шест бодови предност пред Манчестер сити, кој ќе има и два меча помалку. Во оваа тесна трка за титулата, важна е и гол-разликата, Арсенал мора да проба што поубедливо да победи како генерална проба пред реваншот со Атлетико во ЛШ, истотака на својот стадион. Есеноска Арсенал го победи Фулам со 1-0. Фулам никогаш не победил како гостин против Топчиите, традицијата ќе продолжи.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.45)
1814 Шалке 04 – Фортуна Диселдорф (20.30 часот)
Екипата на Шалке ако го добие овој меч, ќе осигура враќање во Бундеслигата. Тимот од Гелзенкирхен ги остави најцрните денови во минатото и сега е на прагот на две кола до крајот да стане првак на Цвајта и да обезбеди камбек во германското елитно друштво. Шалке има четири победи по ред, и секако е голем фаворит вечерва, публиката од нив ќе бара победа, се спрема прослава. Но, и на Фортуна ѝ треба победата, се бори за опстанок, има само еден бод предност над тимовите во зоната на испаѓање. Џеко е повреден, но Шалке и без него игра ефикасно.
Предлог тип: 1 & 2-5 (2.02)

