Барса сепак ќе му продаде Холанѓанец на Јунајтед

Мемфис Депај ќе мора до крајот на преодниот рок да си најде нов клуб, бидејќи конкуренцијата во Барселона ќе го остави без минутажа. Нема место за Депај покрај Левандовски и Обамејанг во нападот како опции за Чави, па сега Холанѓанецот се поврзува со неочекуван камбек на „Олд трафорд“.

Депај играше една и пол сезона во дресот на Црвените ѓаволи и беше тотално промашување на „Олд трафорд“. Не оправда ниту цент од потрошените 35 милиони евра кога потпиша за Јунајтед во летото 2015 година. По само една и пол сезона беше продаден на Лион, каде што можеше во целост да го истакне својот потенцијал.

Иако ова не е Холанѓанецот кој Манчестер првично го бараше како засилување од редовите на Барселона (Де Јонг е главната мета на тренерот Тен Хаг), новиот менаџер на 20-кратниот англиски првак нема ништо против да соработува со Депај. Како што е познато, доволни би биле 20 милиони евра за Барса да даде зелено светло за трансферот на офанзивецот.

- Оглас -

Најнови вести