Барса веќе во четвртфинале, на Ливерпул му одговара и 1-1 (видео)

Барселона води со 2-0 против Лион во првиот дел од средбата на „Камп ноу“. Лео Меси и Фелипе Кутињо реализираа во првите половина час за удобна предност на шпанскиот гигант.

Аргентинецот изведе фантастична „Паненка“ во 18-тата минута од белата точка, додека во една карактеристичка акција на Барса, Суарес го намести Кутињо пред празниот гол на Лион, а Бразилецот ја имаше полесната задача да ја смести топката во голот.

https://www.dailymotion.com/video/x745hxm

На дербито кое се игра во Минхен меѓу Баерн и Ливерпул, резултатот по првиот дел е 1-1, што му одговара на тимот кој го води Јирген Клоп. „Црвените“ постигнаа два гола, но на еден од нив ја затресоа својата мрежа, виновник е Матип.

Претходно, Мане во 26-тата минута одлично се снајде пред голот на Нојер и му донесе предност на европскиот вицешампион.

- Оглас -

Најнови вести