Барса за неполни 13 минути го прегази Атлетик и го освои својот омилен трофеј

Барселона со четири гола од 60-та до 72-ра минута, го растури Атлетик Билбао со 4-0 во финалето на Купот на Шпанија. За Барса ова е 31-ва титула во ова натпреварување, и убедливо се најуспешни, пред Атлетик кој остана на 23, последен пат во 1984 година.

Атлетик е прв тим кој загубил шест финалиња по ред, а загубија и пред две недели од Реал Сосиедад во одложуваното ланско финале. вечерва на „Ла Картуха“ во Севилја, каталонците беа доминатни, имаа 86 отсто посед на топка во првото полувреме, но не дадоа гол. Затоа наплатија во средината на вториот дел кога ги разбија баскијците со дури четири погодоци, по еден на Гризман и Де Јонг, а два на Меси.

Меси влезе во историјата како прв играч кој дал гол во седум различни финалиња на купот, а со девет голови, тој е прв стрелец во историјата на финалињата во ова натпреварување кое постои 119 години.

- Оглас -

Најнови вести