Барселона беше подобра од градскиот ривал Еспањол со 3-1, и продолжи да ги тероризира противниците. Барса има постигнато дури 40 голови во 12 кола во Ла Лига, и тоа е нивен втор најдобар скор, после оние рекордни 42 од далечната 1951 година.
Барса има 11 победи во 12 кола, додека Еспањол загуби четири пати во последните пет кола.
Лидерот во Ла Лига е и тим кој убедливо најмногу ги фаќа во офсајд противниците, па не е само нападот, туку и од одбраната добро ја врши работата, иако примија гол, а на 1-3 имаше и сомнителна ситуација во која Кубарси го погоди топката во рака, но немаше пенал за Еспањол.
Освен тоа, Барса е единствен тим во Европа во кој четворица различни играчи имаат дадено барем пет гола сезонава. Дани Олмо вечерва постигна два гола, а погоди и Рафиња кој е во животна форма. За првиот гол на Олмо голема заслуга има и Ламин Јамал кој асистираше прекрасно со надворешниот дел од копачката.
What a ASSIST , What a goal ❤️🔥🔥
#BarçaEspanyol pic.twitter.com/XJRX6lchtt
— R A P H A (@im0o8) November 3, 2024