Барсегјан славенички, Вардар победнички

Тигран Барсегјан кога погодува Вардар нема проблеми и победува. И вечерва беше така во малку поинаква, славеничка атмосфера за ерменскиот репрезентативец и победничка за Вардар.

Барсегјан денеска слави 25. роденден, а сам си подари најубав подарок, мајсторски гол во 29. минута, со што беше начнат отпорот на соседот Работнички. Сам, мајсторски ја измеша одбраната на „романтичарите“, го остави без компас Херера и погоди во долниот агол на домашниот гол. За предност од 1:0, која потоа во вториот дел со погодок ја удвои Брдаровски.

Вардар ја прекина мини-серијата од две победи на Работнички во меѓусебните дуели и со нови три бода е лидер со 14 бодови.

„Црвено-црните“ имаа два бода повеќе од Академија Пандев и три од Шкендија, но со меч повеќе. По вечерашниот пораз Работнички остана на четвртото место со 9 бодови.

Утре од 15,30 часот се играат преостанатите четири натпревари од шестото коло.

- Оглас -

Најнови вести