Барселона без Меси за малку ќе беше шокирана од Ејбар (видео)

Барселона без Лионел Меси во составот ремизираше при конечни 1-1 против Ејбар во мечот од 16-тото коло во Ла Лига. Каталонците за малку ќе претрпеа шок на „Камп ноу“ откако гостите поведоа со 1-0 по 58 минути игра.

Дефанзивецот Араухо направи катастрофална грешка на средината на теренот и му го отвори патот на Кике Гарсија да го совлада Тер Штеген. Гарсија успеа во тоа со првиот шут во рамките на гостите во второто полувреме.

https://twitter.com/Laliga57529619/status/1344004368744534020

Сепак, израмнувањето следеше точно 10 минути подоцна, голот за 1-1 го реализира Дембеле по одличната акција на домаќините. За ремито и само еден освоен бод од оваа средба делумно вината е на Мартин Брајтвајт, кој промаши пенал во осмата минута, а во 25-тата беше за милиметар во недозволена позиција и не му се важеше погодокот.

https://twitter.com/Laliga57529619/status/1344006813986021376

Со четвртото овосезонско реми, Барселона останува на шестото место на табелата во Ла Лига со 25 бода, еден помалку од Вилјареал, додека Ејбар е на 14-тото место со 16 бода.

- Оглас -

Најнови вести