Барселона го реновира теренот на „Камп ноу“, за мерак на Меси

Лионел Меси во неколку наврати се жалеше на многу лошите терени во Бразил на кои се играа натпреварите од Копа Америка, но кога ќе им се врати на клупските обврски во Барселона, нема да има таков проблем.

Каталонците пред некој ден почнаа со реновирање на теренот на „Камп ноу“ за хибридната трева да биде во топ форма кога ќе почне сезоната, а го менуваат и системот за наводнување. Работите на најголемиот стадион во Европа ќе траат до почетокот на август.

„Многу се лоши терените, срамота е што се вакви“, критикуваше Меси за време на Копа.

Сефтето на новата трева во Барселона, Меси ќе го има на трофејот „Жоан Гампер“ во август, кога Барса ќе игра против Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести