Барселона го сруши рекордот на Реал Мадрид стар речиси 30 години

Барселона синоќа успеа со пресврт да стигне до победа против Интер во второто коло од Лигата на шампионите. Тој триумф значеше и нов рекорд во елитното натпреварување на УЕФА. Барселона стигна до 33 меча без пораз на свој терен и на тој начин успеа да го надмине рекордот на Реал Мадрид.

Кралскиот клуб имаше 32 средби без пораз на „Сантијаго Бернабеу“ во периодот од 1975 до 1990 година. Сега Барселона е новиот континентален владетел кога се работи за дуели без пораз пред своите навивачи во најсилното клупско натпреварување.

Последен пат Барса на „Камп ноу“ загуби од Баерн Минхен со 0:3, и тоа пред шест години. Од тој пораз досега, Каталонците имаат 30 победи и само три нерешени средби со гол-разлика од 101 даден и само 16 примени голови.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести