Барселона и Алба никако да се договорат

Барселона и Жорди Алба никако да најдат заеднички јазик. Раководството на клубот веќе извесно време води преговори со бекот околу нов договор, но Алба бара многу поголема плата од она што го нуди Барса, услови кои шпанскиот првак не сака да ги прифати.

Неговиот договор истекува во јуни 2020 година, па доколку не се договорат до крајот на оваа сезона, Алба ќе биде ставен на трансфер листа. Тогаш Барселона ќе нема избор, па челниците на клубот ќе се обидат да заработат од негова евентуална продажба, наместо да го пуштат да си замине без обештетување.

Целата ситуација ја следат Манчестер сити и ПСЖ, па ако Алба не потпише нов договор, двата гиганти ќе тргнат во борба за неговиот потпис.

Барселона утре гостува кај Хетафе, како прв меч од Ла Лига во вториот дел од сезоната. „Каталонците“ се лидери во првенството по 17 одиграни натпревари со 37 бода, три повеќе од Атлетико Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести