Барселона имаше два специјални тренинзи пред дуелот со Елче

Барселона попладнево гостува кај Елче, а каталонскиот гигант е голем фаворит за победа. Со посакуваните три бода Барселона ќе стигне до 37 бодови и првиот дел од сезоната ќе го заврши на третото место зад двата гиганти од Мадрид.

Тренерот Роналд Куман откри дека пред дуелот со Елче, играчите на Барселона имале два специјални тренинзи. Се шутирало пенали. На последниот меч против Корнеља во Купот, каталонците промашија два пенали (Пјаниќ и Дембеле), но за нивна среќа, по 120 минути игра сепак стигнаа до победа.

„Секој играч може да промаши пенал, но да се промашат седум од 12 пенали е премногу. Прв изведувач на пенали кај нас е Лионел Меси, но кога тој не е на теренот, мора да имаме друг играч кој ќе ја превземе одговорноста да реализира“, објасни Куман.

Меси нема да игра против Елче затоа што треба да го „одлежи“ и вториот меч од суспензијата заработена поради црвениот картон на мечот против Атлетик Билбао во финалето на Супер купот на Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести