Барселона избегна бродолом во Тел Авив

Макаби се разигра во Евролигата и по триумфот во Москва против ЦСКА, ја декласира и Барселона со 99:83 во меч од 19-тото коло во Евролигата.

Навивачите на гордоста на Израел беа во еуфорија, а Макаби во финишот на третиот период имаше неверојатна предност од 38 поени разлика, 78:40, но потоа попуштија и славеа со 16 поени.

Тарик Блек не утна од поле, ги погоди сите шест удари и со 16 поени беше најефикасен на мечот. Еден поен помалку кај извонредните домаќини имаше Скоти Вилбекин. Кај Барса, која разочара со лошата игра, Пау Рибас беше прв стрелец со 13 поени.

Макаби со серијата од три победи по ред се доближи до осмата позиција, која гарантира настап во завршницата. Барселона има 11 победи, три повеќе од Макаби и засега е на шестата позиција по 19 одиграни натпревари.

- Оглас -

Најнови вести