30.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Барселона како замена за Миротиќ ги носи браќата коишто играа во НБА

Браќата Хуанчо и Вили Ернангомес во следната сезона може да настапуваат во ист тим, Барселона.

Вили Ернангомес веќе ја прифати понудата на каталонскиот тим, додека Хуанчо на маса има понуда, но сè уште не донел одлука дали ќе ја прифати.

Интересно е што Вили иако се договори со Барселона, може да заврши во Реал Мадрид. Имено, пред да се пресели во НБА, Вили Ернангомес од 2011 до 2016 година играше за Реал Мадрид, кој поради правилата на лигата, има рок до 12 јули да ја израмни понудата на Барселона и да спречи кошаркарот да се пресели во каталонскиот тим.

Минатата сезона Вили Ернангомес настапуваше за Њу Орлеанс пеликанс, за кого постигнуваше 6,9 поени и 4,7 скокови по натпревар, додека Хуанчо е без тим од февруари, кога си замина од Торонто репторс.

- Оглас -

Најнови вести