Барселона ќе го повлече дресот со бројот 8!

Виктор Томас, капитенот на ракометниот тим на Барселона, неочекувано денеска објави дека на крајот од сезоната ќе стави крај на кариерата. Десното крило во текот на целата кариера го носеше дресот на каталонскиот гигант и ги освои сите најзначајни трофеи. Томас повеќе од една деценија беше член и на репрезентацијата на Шпанија.

Како причина за крајот на кариерата, Томас објасни дека се проблемите кои му се појавиле со срцето. Досега никогаш не беше соопштено дека Томас имал каков било здравствен проблем со срцето, па затоа оваа вест е како гром од ведро небо.

Претседателот на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу, најави дека по пензионирањето на Томас, дресот со бројот 8 ќе биде повлечен и веќе нема да може да го носи ниту еден друг ракометар на каталонскиот гигант.

 

- Оглас -

Најнови вести