Барселона може да направи нешто што не ѝ успеваше 87 години

Вечерва во Мадрид се игра 242-рото „Ел Класико“ (во сите натпреварувања) помеѓу Реал Мадрид и Барселона, а ако триумфираат гостите, за првпат после 87 години, ќе имаат позитивен биланс во меѓусебните пресметки со најголемиот ривал. Сега двата тима имаат по 95 победи и 51 нерешена.

Во јануари во далечната 1932 година, Барселона за последен пат беше подобра од Реал во меѓусебните дуели. Најголемага разлика во победи во полза на Реал беше во 1965 година, кога „кралевите“ имаа 16 победи повеќе.

Барса во ерата на Лионел Меси, е многу поуспешна од Реал на мечевите на „Сантијаго Бернабеу“. До 2003 година, каталонците на 74 гостувања во Мадрид, имаа само 13 победи. Од 2004 наваму, Барса го добива секое второ гостување кај Реал (12 победи на 24 меча). Последната декада е особено деморализирачка за Реал и неговите навивачи. Од 2009 наваму, Барса на „Бернабеу“ има победи од 6-2, 4-0, 3-0, победа со гол во последна минута.

Ел Класико е меч кој предизвикува голем интерес. Преносот на телевизија ќе го гледаат во дури 183 земји низ светот. Двата тима за овој меч одлучија да играат во специјално дизајнирани дресови, поинакви од тие со кои што играа на досегашните мечеви во лигата. Дали Реал „ќе лета подобро“ со рекламата на својот спонзор „Флај Емирејтс“ или на Барса ќе ѝ се посреќи играњето во ретро дрес каков што користеше во 90-тите години, останува да се види.

- Оглас -

Најнови вести