Барселона може да остане без најголемото засилување, Гундоган за осум дена ќе стане слободен играч?!

Барселона за осум дена може да остане без најголемото летно засилување, Илкај Гундоган, пишуваат шпанските медиуми.

Германецот кој летово потпиша за Барселона, знаејќи за финансиските проблеми на шпанскиот шампион, во договорот вметна клаузула според која ќе стане слободен играч доколку клубот не го регистрира до првиот натпревар во Ла Лига.

Токму поради проблемите со финансискиот фер-плеј, Барселона нема право да ги регистрира фудбалерите со кои потпиша летово и има само осум дена до стартот на новата сезона да најде решение или нема да може да смета на поголем број на играчи.

Тренерот Чави Ернандес, моментно на располагање има само 13 фудбалери кои имаат право да играат против Хетафе во првото коло.

Доколку управата на клубот не најде решение, тогаш играчите кои летово пристигнаа или потпишаа нови договори, нема да имаат право да настапат против Хетафе. Тоа се Ињиго Мартинес, Илкај Гундоган и Ориол Ромеу кои летово дојдоа на „Камп Ноу“, како и Гави, Серхи Роберто, Ињаки Пења, Маркос Алонсо и Роналд Араухо.

- Оглас -

Најнови вести