Барселона му ги мати сметките на Арсенал: Сака да им го „украде“ веќе договорениот дефанзивец

Барселона покажува интерес за дефанзивецот на Арсенал, Пјеро Инкапије, пренесуваат британските медиуми. Според информациите, „каталонците“ ја разгледуваат можноста за ангажман на репрезентативецот на Еквадор.

Инкапије настапува за „топчиите“ како позајмен играч од Баер Леверкузен, но откупот на неговиот договор се смета за обична формалност.

Трансферот треба да биде реализиран за 45 милиони фунти, а јужноамериканскиот дефанзивец веќе има договорен петгодишен договор.

Се смета дека евентуален трансфер на Инкапије во Барселона тешко би можел да се реализира, но каталонскиот гигант ги разгледува сите опции на пазарот бидејќи сака дополнително да ја засили одбранбената линија.

Инкапије може да игра како централен дефанзивец, но и на позицијата лев бек.

- Оглас -

Најнови вести