ПСЖ се вклучи во трката по Хулијан Алварес, но од Атлетико не се задоволни

ПСЖ веќе испратил исклучително богата понуда до Атлетико Мадрид за напаѓачот Хулијан Алварес. Според шпанските медиуми, францускиот шампион понудил 120 милиони евра плус двајца фудбалери за 26-годишниот Аргентинец. Се претпоставува дека станува збор за Ли Канг-ин и Гонсало Рамош.

Дополнително, „светците“ се подготвени да му понудат плата еднаква на онаа на освојувачот на Златната топка, Усман Дембеле, која изнесува 22 милиони евра годишно нето.

Во меѓувреме, Барселона исто така испратила официјална понуда до Атлетико за Алварес. Според Фабрицио Романо, каталонскиот клуб понудил 100 милиони евра без бонуси и без вклучување на други играчи во договорот.

Во Атлетико не се задоволни од развојот на настаните во последните 24 часа, но аргентинскиот напаѓач веќе побарал да му биде дозволено да замине.

„Јорганџиите“ се подготвени да се разделат со Алварес за сума од околу 150 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести