Кристијано Роналдо остана без тренер во Ал-Наср (Видео)

Ал-Наср, шампионот на Саудиска Арабија во чиј состав настапува Кристијано Роналдо, официјално го објави заминувањето на тренерот Жорже Жезус.

„Каква авантура. Какво поглавје во историјата. Ви благодариме, господине“, стои во соопштението на клубот.

Португалскиот стратег има 71 година и го водеше Ал-Наср од јули 2025 година. Неговиот договор важеше до 30 јуни 2026 година, но двете страни на крајот не успеале да постигнат договор за продолжување на соработката.

Под водство на Жезус, саудискиот тим запиша 40 победи на 49 натпревари, со две ремија и седум порази.

Во текот на кариерата, Жезус ги предводеше и Ал-Хилал, Фенербахче, Бенфика, Фламенго, Спортинг Лисабон, Брага, Белененсеш, Униао Леирија, Мореиренсе, Виторија Гимараеш, Ештрела Амадора и Виторија Сетубал.

 

- Оглас -

Најнови вести