Барселона му го позајми Суарес на Арсенал

Конечно заврши сагата со Денис Суарес и 25-годишниот играч за врска на Барселона е претставен како нов играч на Арсенал.

Како што е во тренд во последно време во фудбалот, Суарес е позајмен играч, а „топчиите“ ќе имаат право да го откупат комплетно неговиот договор од Каталонците.

„Ова е одлична вест за нас. Го познавам добро Денис, соработувавме во Севилја и тој може да игра на неколку позиции во тимот. Ќе ни донесе многу работи што ни недостасуваат“, изјави Емери.

Суарес претходно беше член и на Манчестер сити, Барселона Б, Севилја, Вилјареал и на Барселона, а почна во Селта, и тоа во вториот тим на клубот од Виго.

- Оглас -

Најнови вести