Елмас очекува Турција да игра барем четвртфинале на СП 2026

Македонската ѕвезда Елиф Елмас изјави дека очекува Турција да стигне барем до четвртфиналето на Светското првенство кое се играа летово.

Поранешниот играч на Фенербахче ги пофали Турците.

„Поминаа 7 години откако играв тука. Имаше одлична атмосфера. Беше добар натпревар. Сите играчи на Турција играат на високо ниво. Тие се еден степен над нас. Мислам дека Турција ќе стигне барем до четвртфиналето на Светското првенство“, рече Елмас во изјава за турските медиуми.

Тој додаде и дека во моментов воопшто не размислува за трансфер.

„Сакам да одам на одмор во моментов. Многу ја сакам Турција и сакам да живеам во Истанбул во иднина. Ако даде Бог, се надевам дека еден ден повторно ќе играм во Турција“, вели 26-годишниот играч од средниот ред, кој сезоната ја помина на позајмица во Наполи од бундеслигашот Лајпциг, но веројатно ќе се раздели со Наполитанците.

- Оглас -

Најнови вести