Барселона му одговори на Клоп за провокацијата (Видео)

Војната на зборови пред утрешниот двобој од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Ливерпул, влегува во најжестоката фаза.

Синоќа тренерот на англискиот тим, Јирген Клоп, го „пецна“ противникот со изјава дека „Камп Ноу“ е само голем стадион, а не и фудбалски храм. Клоп рече дека таму е тешко да се гостува поради играчите на Барселона, а не поради атмосферата.

„Таму неме атмосфера која може да го носи домашниот тим. Камп Ноу е само стадион, додуша голем, но не е храм на фудбалот“ – рече Клоп.

Ова во Барселона не го прифатија добро, па денеска клубот на социјалните мрежи објави видео посветено на својот дом и најголем стадион во Европа. Од Барса порачаа: „Ова е Камп ноу, наш дом, наш храм, наша тврдина“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести