94-та минута – Коке погоди за 3-1 во Мадрид за Атлетико против Бриж.
92-ра минута – Марко Ројс ја потврди победата на Борусија Дортмунд.
90-та минута – Голема радост за Наполи. Инсиње погоди за водство од 1-0 против Ливерпул.
90-та минута – Меси ги урна сите надежи на Тотенхем. Аргентинецот со вториот гол на мечот стави точка во победата на Барселона во Лондон.
72-ра минута – Пако Алкасер промаши пенал за Борусија Д. во 69-тата минута, но само три минути подоцна, се коригираше и погоди за водство од 2-0 на „милионерите“ во дуелот против Монако.
67-ма минута – Со вториот гол на мечот, Гриезман го враќа Атлетико во предност против Бриж.
66-та минута – Ламела со гол од далечина погоди за 2-3 и враќање на неизвесноста на дуелот Тотенхем – Барселона.
60-та минута – За пресврт во Ајндховен, Икарди погоди и Интер води со 2-1.
56-та минута – По две стативи, Лионел Меси конечно погоди за 3-1 за Барселона.
52-ра минута – Кој друг ако не Хари Кејн. Тотенхем намали на 1-2 против Барселона.
51-ва минута – Ларсен влезе на почетокот на вториот дел и само по шест минути поминати на теренот, погоди за водство на Борусија Дортмунд против Монако.
49-та минута – По еден корнер, Марега со глава погоди за водство на Порто против Галатасарај.
НА ПОЛУВРЕМЕ: Атлетико Мадрид – Бриж 1-1, Борусија Д. – Монако 0-0, Наполи – Ливерпул 0-0, Порто – Галатасарај 0-0, ПСВ – Интер 1-1, Тотенхем – Барселона 0-2.
44-та минута – По Бриж, сега и Интер израмни. На гостувањето кај ПСВ, Најнголан е стрелец на голот.
40-та минута – Бриж не признава традиција против Атлетико и со неверојатен гол стигна до 1-1.
28-ма минута – Антоан Гриезман најавува дека Атлетико треба да слави против Бриж. „Јорганџиите“ водат со 1-0.
28-ма минута – Иван Ракитиќ со прекрасен волеј удар од околу 20 метри носи водство од 2-0 за Барселона против Тотенхем.
27-ма минута – Во дуелот на двата поранешни клуба на некогашната бразилска легенда Роналдо, ПСВ во Ајндховен води со 1-0 против Интер. Стрелец на голот е Росарио.
20-та минута – Барселона ја отвори серијата погодоци многу брзо, но тоа засега е и единствениот гол на шесте меча кои во моментов се играат во елитната лига на УЕФА.
2-ра минута – Првиот гол на шесте мечеви кои стартуваа од 21 часот е постигнат во Лондон. Барселона само по 93 секунди од почетокот на мечот, поведе со 1-0 на гостувањето кај Тотенхем. Кутињо на асистенција на Алба го доведе каталонскиот гигант во водство.