Барселона победи, а Левандовски не успеа да се запише во листата на стрелци

Барселона славеше со минимални 1:0 против Селта во последниот неделен натпревар во Ла Лига.

Со триумфот, Барселона му се приклучи на лидерската позиција на табелата на Реал Мадрид со 22 бода, но каталонците се први поради подобрата гол разлика.

Стрелец на единствениот гол беше 19-годишниот Педри и тоа во 17 минута.

Интересно е што Роберт Левандовски за прв пат од почетокот на сезоната во Ла Лига, не успеа да постигне гол кога неговиот тим славел. Барселона досега оствари седум победи и во шест од нив, Полјакот постигнуваше барем еден гол, сè до вечерва.

- Оглас -

Најнови вести