Барселона потврди: Артур е нов играч на Јувентус

Барселона ја потврди преселбата на Артур Мело во редовите на Јувентус за сума од 72 милиони евра, плус 10 милиони евра во бонуси. Бразилскиот играч за врска потпиша петгодишен договор со Старата дама и ќе се пресели на „Алијанц стадионот“ по завршувањето на сезоната.

Артур вчера ги заврши медицинските прегледи и стави потпис на договорот, тоа го направи и Миралем Пјаниќ во спротивна насока, а тој ангажман наскоро ќе се потврди.

Артур по две сезони, го напушта „Камп ноу“ со освоена титула во Ла Лига и трофеј во шпанскиот Суперкуп. За Каталонците запиша вкупно 72 настапи, во кои реализира четири погодоци и шест асистенции.

- Оглас -

Најнови вести