Барселона се надева дека на „Ел Класико“ нема да има судиски грешки како против Сосиедад

Барселона освои само еден бод на тешкото гостување кај Реал Сосиедад, играјќи 2:2. По овој кикс, каталонскиот гигант може да ја загуби лидерската позиција, доколку вечерва Реал Мадрид победи на „Местаља“ против Валенсија.

Дуелот во Сан Себастијан беше многу интересен и неизвесен. Барселона прими гол од пенал, но потоа направи пресврт за 2:1, а до крајот Сосиедад стигна до 2:2. во 93 минута од мечот, се случи спорна ситуација во која Пике падна во противничкиот шеснаесетник. Гостите бараа пенал, но судијата реши воопшто да не гледа ВАР снимка и процени дека немало услови да се досуди најстрога казна.

Гостите протестираа посебно затоа што во првото полувреме за речиси иста ситуација беше досуден пенал за Сосиедад по кои домаќините и поведоа со 1:0. Дури и судиските аналитичари на „Марка“ Андухар Оливер и Итуралде Гонзалес се сложија дека требало да има пенал врз Пике, бидејќи ситуацијата била иста како во првото полувреме кога беше даден удар од најстрога казна за домаќините.

Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу најави дека ќе даде официјална жалба поради судењето на дуелот со Сосиедад. Оваа контроверзна одлука да не биде досуден пенал за Барселона, доаѓа непосредно пред големото Ел Класико. Барселона на „Камп Ноу“ ќе го пречека Реал Мадрид на 18 декември.

https://youtu.be/mxRvki6mkww

 

- Оглас -

Најнови вести