Барселона се спаси во последен час, остана во игра за Ф4

Барселона со многу мака се избори за израмнување на 1-1 во четвртфиналната серија против Зенит, триумфирајќи минимално по едно продолжение со 81:78. Тимот на Јасикевичиус мораше да избори победа за да остане во игра за пласман на Ф4-завшницата, а беше блиску до нов кикс иако е фаворит во оваа серија против рускиот состав која се сели во Санкт Петербург.

Барса го контролираше резултатот во поголемиот дел од средбата, во еден момент водеше со двоцифрени +10 поени, меѓутоа гостите брзо се вратија во игра и изнудија да се играат дополнителни пет минути. Продолжението многу лесно можеше да припадне на Зенит, меѓутоа во последните 30 секунди домаќините погодија пет слободни фрлања и на крајот триумфираа минимално.

Со 22 поени и 8 скока Дејвис ја предводеше Барселона до победата, додека на другата страна Пангос со 23 поени делуваше незадрливо, но немаше помош од соиграчите.

- Оглас -

Најнови вести