Барселона со емотивно видео се прости од „Камп ноу“

Новиот шпански првак Барселона, во дуелот против Мајорка го одигра последниот меч на својот „Камп ноу“ пред да започне реконструкцијата, која треба да трае во следните три години.

Во овој период, Барселона како домаќин ќе игра на Олимпискиот стадион познат како „Монжуик“. Капацитетот на овој стадион е 56.000 гледачи, што е многу помал од тоа што е капацитетот на „Камп ноу“. Се очекува новиот дом на Барселона да биде завршен до 2026 година, а ќе има зголемен капацитет и ќе собира 105.000 седишта.

Проектот за реновирањето ќе биде околу две милијарди евра.

Стадионот на Барселона ваков каков што е сега е пуштен во 1957 година и цели 66 години беше дом на каталонскиот гигант, период во кој е испишана неверојатна историја, а која е преточена во неколкуминутно видео.

 

- Оглас -

Најнови вести