Барселона три недели без Умтити

Дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити, ќе паузира само три седмици откако го повреди левото колено по поразот од Леганес минатата недела. Од таборот на каталонскиот гигант стравуваа дека се работи за посериозна повреда, но според информациите од медицинскиот тим, процесот на рехабилитација засега се одвива во најдобар ред, па Французинот ќе може набрзо да му биде на располагање на Ернесто Валверде.

Покрај тоа што нема да игра во среда против Тотенхем, Умтити ќе ги пропушти дуелите со Севилја, Интер, додека Валверде се надева дека ќе може да смета на него за дуелот против Реал Мадрид, закажан за 28-ми октомври.

Единствен проблем за Умтити ќе биде ако рехабилитацијата не му помогне, тогаш клучниот играч на Барса ќе мора да оди на операција, што ќе го пролонгира неговото враќање на терените.

 

 

- Оглас -

Најнови вести