Барселона во последните три минути го реши Рајо Вајекано

Барселона со многу мака стигна до трите бода во дуелот против Рајо Вајекано, победувајќи со 3:2 на гостувањето во Мадрид. Домаќините беа на прагот од сензационална победа, но на крајот не освоија ниту бод. Луис Суарез даде гол во 11 минута за водство од 1:0, но домаќините со погодок во 35 минута израмнија на 1:1. Погодокот на Поцо беше прв што Барселона го прими со удар надвор од шеснаесетникот.

Во 57 минута, Рајо поведе со 2:1, благодарение на погодокот на Гарсија. Малиот клуб од Мадрид кој минатата сезона играше во втората лига беше на прагот на сензација, но тоа не се случи. Барселона за само три минути успеа да направи целосен пресврт.

Дембеле израмни на 2:2 во 87 минута, а Суарез со својот втор погодок на мечот, донесе победа за Барселона од 3:2. Каталонците сега имаат 24 бодови од 11 меча, четири повеќе од Атлетико кој денеска ремизираше кај Леганес.

- Оглас -

Најнови вести