Бартомеу се теши: Ни „украдоа“ четири титули во ЛШ

Претседателот на Барселона Хосеп Марија Бартомеу потврди дека нема да отстапи од функцијата и ќе ги чека претседателските избори во клубот кои се закажани за март 2021 година, на кои ќе се обиде да го продолжи мандатот.

Во меѓувреме, Бартомеу во интервју за шпанскиот весник „Спорт“ зборуваше за случувањата во клубот од изминатиов период, меѓутоа не сакаше да се наврати на дебаклот од Баерн Минхен во четвртфиналето.

Наместо тоа, Бартомеу се врати назад во минатото со верувања дека на Барселона ѝ се украдени четири титули во ЛШ во изминатава деценија.

„Сметам дека заслуживме да имаме повеќе титули во Лигата на шампионите. Најмалку четири ни се одземени во изминатава деценија, односно откако сум јас претседател. Елиминациите од Интер во 2010, од Челзи во 2012 година, од Рома и Ливерпул не се реални, тие сезони заслуживме да бидеме европски шампиони“, посочи Бартомеу.

- Оглас -

Најнови вести